Џордан Белфорт, човекот чија животна приказна го инспирираше Мартин Скорсезе да го сними филмот „Волкот од Волстрит“, кој е номиниран за Оскар, признал во разговор за „Си-Ен-Ен“ дека бил шокиран кога го гледал филмот.
– Првпат го гледав филмот со вереницата и останавме без зборови – изјави Белфорт, кого во филмот го глуми Леонардо ди Каприо, кој за улогата доби и номинација за престижната филмска награда за најдобра машка улога.
Белфорт, кој во затвор помина 22 месеци поради перење пари и измама, имаше само пофални зборови за Ди Каприо и остатокот на екипата на филмот.
– Се помирив со својот стар начин на живот. Пишувањето книга за мене беше катарзично искуство, но кога се видов во филмот, се препотував, посебно кога се гледав како шмркам кокаин – изјави Белфорт, кој денес работи како мотивациски говорник.
Тој вели дека го допрел дното кога неговото семејство се распаднало.
– Престанав со сите зависности кога децата беа мали. Бев добар татко и се гордеам со тоа. Се отрезнив кога синот имаше три, а ќерка ми една година – вели тој во интервјуто.
Тој денеска би бил милијардер, ако работел легално и би вредел меѓу 10 и 20 милијарди. Тој на своите жртви им должи околу 100 милиони долари. Досега вратил околу 12 милиони, а целата заработка од неговата книга оди во фондот за враќање на долгот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура