| четврток, 6 декември 2018 |

Дрво кое „раѓа“ пари

Парите не растат на дрво, веројатно, за оние кои никогаш не го виделе дрвото во Велика Британија. Илјадници луѓе низ Велика Британија работеле на создавање на таканареченото „стебло на желби“ така што на него ставале метални пари. Кога ќе го видат „дрвото на пари“ минувачите не можат да одолеат да не вметнат монета во кората.

Кога внимателно ќе се погледне, ова стебло изгледа чудно.  Необичната глетка настана така што илјада парички се ставени во кората на дрвото.

Drvo 2

Верувањето во чудесното дрво кое лечи и исполнува желби откако ќе се стават пари во него, датира од 1700 година од Шкотска.

Тешко е да се каже дали ова „дрво на пари“ исполнува желби, но сигурно се малкумина оние кои поминуваат покрај него, а да не застанат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top