Часовникот на еден од загинатите во претседателскиот Кингер стигна до рацете на Омер Кулиќ. Адвокатот Игнат Панчевски се сретна со шефот на меѓународната комисија и пред него тврдеше дека Трајковски и членовите на кабинетот се жртви на атентат.
Овој часовник застанат во време кое се разликува од официјалното време на несреќата беше единствен доказ презентиран на денешната средба која се обидоа да ја скријат од очите на јавноста – објави Сител.
Останатите материјални докази Панчевски ѓе ги чувал за следната средба со истражителите.
– Моите сознанија се од корист за сите, но тие го докажуваат атентатот. За моите докази не треба комисија – изјавил Игњат Панчевски.
Дали доказите на Панчевски ќе бидат дел од новата истрага се уште е неизвесно. Кулиќ не ја затвора можноста контроверзните тврдења да бидат под лупа на меѓународната комисија.
– Прв пат се сретнавме, презентираше докази во нашиот 30 минутен разговор. Се договоривме за кратко време на повторно средба дали овде дали во Сараево за детално да ги слушнеме сите работи од Панчевски сите докази и да видиме дали ќе бидат земени во предвид. Не можам да кажам за кои докази конкретно се работи, но ќе се истражува и ќе видиме дали имаат смисла или не – изјави Омер Кулиќ.
Игњат Панчевски тврди дека поседува и видео на кое се гледа како воен авион испалува ракета која удира директно во крилото на Кингерот, при што тој се спушта на земја, но не експлодира.
За кратко доаѓаат воени хеликоптери работат околу македонскиот авион и одеднаш се вивнува во пламен.
– Последните докази се со видео записот со начинот на сторување на атентатот, сторителите. Некои докази се во канцеларија, некои се депонирани, некои умножени – изјави Игњат Панчевски.
Дали тврдењата на Панчевски се вистина, ќе покаже новата истрага. Меѓународниот тим од 15 истражители меѓу кои има и петмина македонски експерти, веќе почнаа со работа и најдоцна за една година ќе ја откријат причината за падот на Кингерот во 2004, во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и 8 членови на делегацијата.
Кулиќ вчера се сретна со министерот за транспорт и врски и му соопшти дека истрагата е отворена. Ова му беше последна средба пред да си замине во Сараево и да се посвети на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Ќе бидеме подебели, поглупи, помрзоволни: Ова се последиците од укинување на сезонското сметање на времето!


