| четврток, 6 декември 2018 |

Рафалната стрелба на Антиќ ги скроти најсилните екипи во НБА

Кога Перо Антиќ е расположен за игра Атланта лесно ги добива натпреварите, а пред рафалните стрелби на првиот македонски кошаркар во НБА паднаа и двете најсилни екипи во источната конференција, Индијана и Мајами.

Антиќ ноќеска набрзина постигна 10 поени од вкупно 15 на Хоукс на самиот старт од дуелот со шампионот Мајами хит, што беше добра најава за победа на Атланта. Леброн Џејмс, Крис Бош и соиграчите од шампионскиот состав на Мајами се второпласирана екипа на Истокот од НБА, во моментов, а Антиќ немаше респект и им го наполни кошот уште на самиот старт. Нашиот репрезентативец го заврши мечот со рекордни за него 17 поени, откако е во НБА, со што имаше огромен придонес во победата од 121-114.

Miami Heat at Atlanta Hawks

Слична беше приказната и против Индијана пејсерс, водечкиот состав во целата Лига, а Перо со блескава серија од 8 поени на самиот почеток од мечот помогна Атланта да поведе со 10-0.

Houston Rockets at Atlanta Hawks

Пејсер го згубија мечот без притоа ниту еднаш да немаат предност во текот на мечот. Хоукс го добија дуелот што се одигра на 8 јануари со 97-87 и е една од ретките екипи што има победи против двете најдобропласирани екипи во источната конференција во НБА.

 

Пишува: Зоран Поповски
Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top