Утре ќе се појави истоимениот деби албум на амбиенталниот проект „Post Global Trio“. Се работи за комплетно импровизиран амбиентален албум на звучни пејзажи, воедно и нивна прва снимка, снимена во студиото на радиото „Канал 103“ во октомври 2012 година. Комбинирани во цел час, теренските снимки, суптилните делници и текстури, резонираат некаде помеѓу апстракцијата и наративниот тек, оставајќи ве без здив со своето звучно влијание. Вметнатиот медитативен амбиент и теренските звуци ве носат низ имагинарни пејзажи, раскажувајќи приказна за чувствата и природата. Ова издание е искуство кое може да се почувствува на патување низ далечните територии на македонските планини каде се снимени користените теренски снимки, давајќи јасни слики на суптилните звучни пејзажи. Иако се стреми да биде конкретен до одреден степен, звукот на „Post Global Trio“ сепак се раслојува во апстрактни слоеви, останувајќи мистерија која се ужива и без да се разбере во рамките на својата карактеристична категоризација и импулси. Наменето за уживателите на тишината, звукот на природата, звучните пејзажи, теренските снимки, 12k, rural colours, preservation…
Post Global Trio е проект на: Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски, настанат како континуитет на одредена комуникација, соработка и како нужност за развивање на одредена сцена.
Изданието ќе биде достапно за слободно симнување на страната на издавачката етикета www.post-global.com.
Нивниот втор албум е веќе во подготовка, а планиранo e да се појави за австралиската етикета Twice Removed оваа пролет.
По настапите на Фрик фестивалот, во емисијата Ако никој не свири на Канал103 и во Автономниот културно социјален центар, нивниот следен настап е закажан за Белград на 15 февруари во склоп на IMPROVE импровизирачките настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.