Во дуелот со шампионот Перо Антиќ влезе многу самоуверено постигнувајќи ги првите пет поени за својот тим. Со тројка, а потоа и со два поена Антиќ сам ја направи почетната предност за својот тим за само две минути.
Мајами се врати на само два разлика, но повторно на сцена стапи Антиќ. Постигна уште една тројка, а потоа имаше и забивање за 15 -5.
Одлично одигра и во финишот од натпреварот кога гостите од Мајами се обидуваа да направат пресврт. Погледнете ги најдобрите потези и рекордните 17 поени на Антиќ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.