Додека се разжестуваат протестите на опозицијата во Украина, демонстрантите изработија, верувале или не, катапулт со кои планираат да лансираат огнени топки кон полициските кордони. Украинскиот министер за внатршните работи ја обвини опозицијата дека ги вооружува демонстрантите со опасни оружја.
Покрај импровизираните оружја и „крстоносните“ штитови кои претхоно ги користеа антивладините протестанти сега на располагање имаат вистинска убиствена машина.
Демонстрантите дури го имале и првото пробно гаѓање со катапултот кој имал домет од десет метри. Дел од учесниците во толпата веднаш се пофалиле на социјалните мрежи со новата направа со која можат да фрлаат дрва и камења против полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина