Попладневно се запалил автомобил на булеварот „Илинден“ во центарот на Скопје, пред детскиот културен дом „Карпош“.
Според првичните информации станува збор за „рено меган“.
Од противпожарната единица потврдија дека пожарот е локализиран. Командантот на противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски, истакна дека на терен биле две возила, а пожарот бил пријавен пред околу еден час.
Повредени нема, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицискиот увид е во тек.
Фото: Нетпрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


