Во Градското собрание во Копенхаген, Данска, предмалку заврши евровизиската ждрепка, на која беше извлечен редоследот на земјите-учеснички.
Тијана Дапчевиќ, која годинава ќе пее за Македонија, ќе настапува осма по ред во втората полуфинална вечер на 8. мај. Истата вечер ќе настапат уште 14 други земји, меѓу кои и Грција, Романија и Словенија, која последна го потврди своето учество на европскиот фестивал.
Во финалето, кое ќе се одржи на 10. мај, директно влегуваа земјите-основачи Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, како и ланскиот победник и овогодинешен домаќин Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.