| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција и УЈП затворија диви обложувалници во кумановско

диви кладилнициСВР Куманово и инспектори од Државен инспекторат при УЈП, вчера спровеле акциска контрола во осум спортски обложувалници на подрачјето на општините Куманово и Липково.

-Од извршената контрола констатирано е дека пет објекти и тоа два во село Отља, и по еден во селата Оризаре и Матејче, како и во локалитетот „Серава“ во Куманово, работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерство за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа. Во сите овие објекти пронајдени се уплатени парични средства во вкупен износ од 110.962 денари и 60 евра, за кои се издадени уплатни ливчиња-тикети за спортски натпревари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Управата за јавни приходи изготвени биле записници за констарирани неправилности согласно Законот за игри на среќа, по што објектите се запечатени и пломбирани, додека пак уплатените парични средства, уплатните ливчиња-тикети како и разновидна течничка опрема (телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема) со потврда се одземени.

Од страна на СВР Куманово против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ке бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top