Пет натпревари беа одиграни во ноќта меѓу неделата и понеделникот во НБА-лигата.
Оклахома на домашен терен забележи рутинска победа против екипата на Сакраменто со резултат 108-93. Кевин Дурант го заврши натпреварот со 30 поени и девет асистенции, Серж Ибака постигна 20 коша, а Реџи Џексон успеа да уфрли 16 поени.
Во екипата на Сакраменто најефикасен беше Ајзеа Томас, кој постигна 38 поени, а одличен натпревар одигра и Демаркус Казинс со 16 поени и 14 скока.
Сан Антонио Спарс ја декласираше екипата на Милвоки Бакс, која сѐ уште ја чека првата победа во новата година, со резултат 110-82.
Седуммина кошаркари на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број поени, во победата над Милвоки од 110:82. Пет Милс имаше ефект од 20 поени и 7 скока, додека Тим Данкан забележи двоен ефект од 11 поени и 13 скока.
Милвоки го предводеше Брендон Најт со 21 поен.
ЛА Лејкерс во Торонто го победи домаќинот со 112:106. „Езерџиите“, кои во еден момент имаа негатива од 19 поени, до победата ги предводеше Ник Јанг со 29 поени, од кои 15 постигна во последната четвртина.
Резултати:
Орландо – Бостон 91-93,
Оклахома – Сакраменто 108-93,
Сан Антонио – Милвоки 110-82,
Феникс Санс – Денвер 117-103,
Торонто – ЛА Лејкерс 106-112
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.