| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико киксна и пропушти да ѝ го земе првото место на Барселона

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Севилја одиграа нерешено со резултат 1-1 во последниот натпревар од 20. коло во Примера дивизион.

Домаќините поведоа во 18. минута кога топката дојде до Давид Вилја, кој со прецизен удар го погоди долниот лев агол. Севилја не се откажа така лесно, гостите играа одлично, а тоа им беше од корист бидејќи во 72. минута Ракитиќ од белата точка го совлада голманот Куртоа.

Гостите го завршија натпреварот со десет играчи бидејќи на крајот од натпреварот Морено беше исклучен откако остро стартуваше над Раул Гарсија.

Атлетико ја пропушти шансата да го преземе врвот на табелата по киксот на екипата на Барселона, која не успеа да го совлада тимот на Леванте. На двата нерешени натпревари најмногу се радува Реал Мадрид, кој се приближи на само еден бод негатива. Барселона поради подобрата гол разлика е сѐ уште прва со 51 бода, колку има и Атлетико, додека пак Реал има 50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top