| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ со „петарда“ против Нант (видео)

Фудбалерите на ПСЖ на домашен терен ја декласираа екипата на Нант со резултат 5-0, додека пак Монако на гости го совлада Тулуз со резултат 0-2 во последните натпревари од 21 коло од француската Лига 1.

ПСЖ до победата дојде со головите на Тиаго Силва во десеттата, Ибрахимовиќ во 36. и 64, Мота во 52. и Кавани во 68. минута.

Со оваа победа, тимот на ПСЖ ја задржа лидерската позиција со 50 бода, пет повеќе од второпласираниот Монако, кој славеше против Тулуз со головите на Курзава во 36. и Кампос во 88 минута.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top