Понеделник, 20 јануари, третиот понеделник годинава, ќе биде најдепресивен ден во 2014 година. Затоа, експертите им советуваат на луѓето на тој ден да се облекуваат во посветла и шарена облека и на тој начин да се обидат да влијаат на смалувањето на депресијата која се јавува поради лошото време, долговите и падот на расположението по сезоната на славење и радост.
Академик Клиг Арнал во 2005. година ја пресметал формулата за таканаречениот Блу мандеј калкулирајќи различни фактори, од време, долгови и пропаднати новогодишни одлуки. Врз основа на тоа, најдепресивен ден во годината отприлика е секогаш во исто време, а тоа е третиот понеделник во јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.