Зимскиот распуст во основните и средните училишта во Македонија заврши – од утре почнува второто полугодие. Околу 280 илјади уленици се враќаат во училишните клупи.
Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.
За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.