| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува саемот на книга на Клубот „Матица“

knigi

Од утре, 20 јануари, понеделник 14-та година по ред Клубот Матица го започнува Саемот на книгата „Книга во секој дом“. Годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, на читателската публика ќе и бидат понудени наслови од комплетната домашна и странска продукција. Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како Харпер Колинс, Парагон, Трансворлд, Те Неус, Орион, Лагуна, Делфи, Вулкан и др., ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светската прозаистика, архитектура и уметност, најбараните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата,гастрономија, лексикографија, ениклопедии, книги за најмалите,креативни проекти итн.
Како што истакнуваат од „Матица“ основната девиза на организацијата на ваквите манифестации е дека „културата се наметнува, а традицијата се негува и одржува“. Врз основа на оваа девиза, 14 години Клубот Матица ја создава и гради навиката и љубовта кон книгата, а големиот број на читатели и вљубеници во книгата, само ја потврдува исправноста на патот по кој Матица чекори. Годинава понудата е огромна и со сигурност можеме да кажеме дека има книги за сечиј вкус и книги за сечиј џеб. Како едно големо освежување се најавува и официјализирање на стратешкото партнерство со најголемиот балкански издавач „Лагуна“ од Белград, и отворање на Лагуна клубот во Скопје со нови 2000 наслови од најновата светската книжевност.

Саемот на книгата „Книга во секој дом“ секоја година е подржан и паралелно се одржува во сите поголеми градови во Македонија како Охрид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Струга, Неготино, Гостивар…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top