Филмот „Супермен против Бетмен“ е одложен за 2016 година, решија од компанијата „Варнер Брос“.
Филмот за суперхероите во кој Бен Афлек го глуми Бетмен, а Хенри Кавил Супермен во кино-салите се очекуваше да се појави во 2015 година. Но, компанијата „Варнер Брос“ соопшти дека филмот кој ќе го режира Зек Снајдер мора да биде одложен за да има доволно време креаторите на филмот убаво да ја развијат приказната.
– Знаеме дека филмот се очекува со нетрпение, но сите ние сакаме да истражиме нешто повеќе во приказната за Супермен и бетмен, суперхероите кои првпат ќе се најдат заедно во еден филм – изјави портпаролката на „Варнер Брос“, Вероника Кван Вандеберг.
Во филмот ќе глумт и Еми Адам, Лоренс Фишбурн и Дајан Лејн, кои беа дел од филмот „Човек од челик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура