
Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски упати честита по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до православни верници во Македонија и дијаспората.
„Овој ден со сета своја духовност, значење и вековни традиции, од секогаш претставувал еден од најубавите и најрадосни празници во македонското православие. Исусовото крштевање е симбол на духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Симболиката на овој празник секоја година одново и одново не зацврстува во верата и не поттикнува да го негуваме и шириме учењето Христово за мирен и спокоен живот, за покајание и прочистување, за трпение и дарување, за вредности и принципи важни за човековото живеење“, истакнува Груевски.
„Како што тоа било векови наназад, така и оваа година, масовно и бериќетно, во радост и среќа да го прославиме овој голем празник, со семејството и ближните, споделувајќи ги вредностите на кои не учи нашата вера, меѓусебното почитување и разбирање, трпеливоста и мудроста. Само така возможен е напредок и развој, обединување и единство“, се порачува во честитката на Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


