| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Консензуален кандидат значи доизградување на демократскиот систем во Македонија

talat dzaferi

Идејата за општ консензус за кандидат за иден претседател е една од кариките во доизградување на демократскиот систем во Македонија и во тој контекст како идеја е неопходно да се има на маса и за неа лидерите, претставниците, разговараат, ја третираат и ги бараат модалитетите како да се дојде до конечно можно решение – смета министерот за одбрана Талат Џафери.

Тој во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека со предложеното решение професионалните војници да се трансформираат во редовен работен однос во Министерство за одбрана, односно во Армијата и во други државни институции по наполнети 45 години, се дава сигурност на припадниците на армијата и на нивните фамилии по однос на нивниот живот и работа во текот на ангажманот во армијата. Можеби фактот дека 2014 година е изборна година во смисла на претседателски избори и остава впечаток дека тоа е во контекст на предизборието, Џафери уверува дека тоа не треба да се поврзува со избори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top