Турската полиција со солзавец и водени топови ги растера демонстрантите на централниот плоштад Таксим во Истанбул. Синоќа околу две илјади учесници протестираа против владиниот нацрт-закон, со кој ќе се зголеми контролата врз интернетот.
Демонстрантите возвратија со фрлање камења, а полицијата уапси неколкумина од нив.
Помали демонстрации се одржаа вчера во крајбрежниот град Измир и во главниот град Анкара, каде околу 300 лица извикуваа пароли против Владата и нацрт-законот за ограничување на Интернетот.
Парламентот наскоро треба да се изјасни во врска со законот, со кој на судовите им се два право да донесат одлука да отсранат од Интернет материјали, кои ги нарушуваат индивидуалните права.
Владата ги отфрла обвинувањата дека станува збор за цензура и нагласува дека целта на законот е заштита на правото на личен живот.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








