| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Очекувам да продолжи поддршката од Турција за влез во НАТО

Macedonia TurkeyПретседателот Иванов изрази очекување да продолжи поддршката на Република Турција за влез на Република Македонија во НАТО. Продолжува нагорниот тренд на успешни билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Турција, констатираа на средбата попладнево во Дојран македонскиот претседател Ѓорге Иванов и турскиот вицепремиер Емрула Ишлер, на која разговарале за севкупната соработка меѓу двете земји.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата, на која присуствуваше и претседателот на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА,  Сердар Чам, двајцата соговорници разменија мислење и во однос на економската соработка, при што претседателот Иванов ги реафирмираше очекувањата за нејзино интензивирање.

Во контекст на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија, претседателот Иванов посочи дека отворањето на пристапните преговори со ЕУ останува примарна цел за земјата.

Истовремено, претседателот Иванов изрази очекување да продолжи поддршката на Република Турција за влез на Република Македонија во НАТО.

На средбата претседателот Иванов и вицепремиерот Ишлер разговараа за соработката меѓу двете земји и во останатите општествени сфери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top