Откако вчера поради присуство на канцероген афлатоксин побара повлекување на трајното мелко на двата производители „Дукат“ и „Виндија“, хрватското Министерство за земјоделство денеска порача дека нема причина за паника, бидејќи треба да се конзумираат големи количини на млеко за штетните материи да имаат било какво влијание врз човечкиот организам.
Претставници на Министерството соопштија дека примероци од млеката се испратени на ориентациска анализа во ветеринарен институт, а позитивниот примерок е испратен на анализа во Виена.
Во изјава за медиумите, заменик министерот за земјоделство Мирјана Матаушиќ-Пишл ги отфрли шпекулациите дека станува збор за увозно млеко, како што тврделе претставниците на хрватските фармери, нагласувајќи дека и пченката со која е хранета стоката била од домашно производство.
Трговските синџири и претпријатија кои ги продавале четирите видови на трајно млеко од „Дукат“ и „Виндија“ соопштија дека ги повлекле од продавниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.