113 км/ч ова е најсилниот удар на досегашниот тек од шампионатот. Го упати Швеѓанецот Јакобсон, со брзина на дуелот против Црна Гора. Зад него следи нам добро познатиот Русин Павел Атман. Играчот на македонски „Металург“ на дуелот против Полска постигна гол, а неговиот удар е со брзина од 112 км/ч. На листата со 112 км/ч е и шутот на уште еден руски репрезентативец, Сергеј Шелменко, постигнат на истиот дуел, оној против Полска, кој Русите го загубија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.