| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на Битолска пошта демантира дека го демолирал паркингот

parking

Директорот на Битолската пошта, Евдал Акифи, преку соопштение демантира дека го демолирал паркингот во центарот на Битола, објави „Канал 5“.

Во соопштението се вели дека влезот на поштата, кој е непосредно до паркингот, бил блокиран од двете страни со паркирани автомобили. Иако со концесионерот со паркингот биле договорени да се овозможи непречено поминување на службените возила на поштата, Акифи тврди дека во конкретниот случај вработената одбивала да ја подигне рампата, по што го побарале концесионерот, но тој не се јавувал на телефон.
По ова Акифи поминал, иако рампата не била подигната, бидејќи вели дека го собирало. Потоа сам се јавил во полиција со цел да биде обезбеден слободен влез за службениот камион.
Во објаснувањето стои и дека камионот ненамерно го зафатил апаратот на паркингот, но не го оштетил, за што полицијата направила записник, а врз него извршиле и алкотест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top