| четврток, 6 декември 2018 |

Путин до хомосексуалците: оставете ги децата на мира!

Putin-Sochi-500w

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема ништо против ЛГБТ популацијата, но не сака тие да вршат пропаганда врз децата.

-Ние ништо не забрануваме и никого не протеруваме од улиците, ниту се предвидени казни за таквите врски- рече тој и им порача на припадниците на ЛГБТ- Можете да бидете опуштени и мирни, но ве молам оставете ги децата на мир- рече тој.

Путин е во Сочи, каде што за три недели почнуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ).

-Ние не ги забрануваме нетрадиционалните сексуални врски. Нам ни смета пропагандата на поинаквото сексуално определување. Пред се, би сакал да ја истакнам пропагандата над децата. Тоа се целосно различни работи- да се забрани нешто, или да се забрани пропаганда на нешто- рече Путин.

Во Русија лани, стапи во сила законот со кој се забранува секаков вид пропаганда на хомосексуализмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top