Британската кралица Елизабета стана прабаба по четврти пати, откако Зара Тиндал, нејзината внуката стана мајка. Таа во кралската болница во Глостершир роди ќерка, соопшти денеска Бакингамската палата.
Новороденото кралско бебе сѐ уште нема име, но девојчето е веќе ставено како 16-то во редот на претендентите за британскиот престол. Кралицата Елизабета има тројца внуци.
Зара Филипс е ќерка на принцезата Ана, второто дете на кралицата и сестра на престолонаследникот Чарлс. Таа во јули 2011 година се венча во Единбург со англискиот рагбист Марк Тиндл, поранешен капитен на репрезентацијата на Англија.
Неговата сопруга Зара, нема ројалистичка титула и целосно посветена на спортот, па како членка на коњичката репрезентација на Велика Британија учествуваше и на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, освојувајќи сребрен медал во екипна конкуренција.
Кралицата Елизабета оваа година ќе наполни 88 години и 62 години како е на британскиот престол. Таа има правнуци од децата на нејзините синови Чарлс и Едвард, како и од ќерката Ана.
Двете ќерки на вториот син на кралицата, принцот Ендрју, се уште не се мажени. Не е женет ниту принцот Хари, син на Чарлс и брат на вториот во редот на претендентите на престолот, принцот Вилијам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.