| четврток, 6 декември 2018 |

Среќен 85. роденден Попај

Познатиот морнар Попај денеска полни 85 години. За прв пат на светот му се претстави на 17. јануар 1929 година во стрипот „Thimble Theatre“, а е дело на американскиот цртач Елзи Крислер Сегар. Попај за кратко време станал популарен па така стрипот почнал да го носи неговото име.

Во периодот помеѓу 1933 и 1957 година биле направени околу 230 кратки епизоди и три долги анимирани филмови за Попај. До 1988 година бројот на цртани за Попај порасна на дури 638. Првата филмска верзија Попај ја добил во 1980 година во режија на Роберт Алтман, а ликот на Попај го глумел Робин Вилијамс.

Инаку, она што најверојатно не сте го знаеле е тоа дека покрај неговата популарност во САД, дури за 33 проценти пораснала и популарноста на спанаќот.

Попај бил првиот лик од анимиран филм за кого е направен споменик и тоа во градот Кристал Сити во Тексас во 1937 година. Во 2004 година Емпаер Стејт Билдинг светна зелено во чест на 75 роденден на Попај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top