Скопјанецот Д.Г. (35) вчера се обидел да ги убие мајката и братот во семејниот дом на улицата „Гостиварска“.
Д.Г. прво почнал да крши дел од покуќнината, а потоа со нож ги нападнал мајката и братот. При нападот двајцата се полесно повредени, но се задржани во Клиничкиот центар на лекување.
Според неофицијалните информации, Д.Г. имал нарушено ментално здравје.
Напаѓачот бил уапсен и од полицијата информираат дека за него е поднесена кривична пријава за убиство во обид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.