| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома и Индијана со нови победи

durant

Синоќа во НБА-лигата се одиграа два меча. Фаворитите Индијана и Оклахома остварија сигурни победи.
Индијана во вечното дерби на истокот на домашен терен го сопре Њујорк со 117-89. Освен во првата четвртина, Њујорк не успеа да се спротивстави. Со серијата на Индијана од 11-01 работите дојдоа на свое место и до крајот на наптреварот рутински дојдоа до победата.
Стивенс ги преводеше домаќините со рекорд во кариерата од 28 поени, додека По Џорџ додаде 25 поени. Кај поразените, Кармело Ентони постигна 28 коша од кои дури 18 во правата четвртина.
Оклахома успеа да слави победа во Хјустон. Дјурант и другарите победија со 104-92. Окалхома на полувреме губеше со 14 поени разлика, но Дјурант беше одличен постигнуваќи 36 поени, седум асистенции и пет скока. Голема помош во нападот доби од Реџи Џексон, кој уфрли 26 коша. Кај Хјустон, Харден и Џонс дадоа по 16 поени.
Порано во текот на вечерта во Лондон Бруклин го совлада тимот на Перо Антиќ, Атланта хоукс, со 127-110.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top