Во текот на изминатиот ден на територијата на Градот Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило едно лице во својство на возач на патничко моторно возило.
Се случила и една железничка незгода со загинато едно лице, во 8 часот и 10 минути на железничката пруга Скопје – Кичево, зад „Енергетика“ во склоп на „Железара“. Возот кој се движел по железничката пруга удрил во пешак. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој од здобиените повреди починал на самото место. За железничката незгода е известен јавен обвинител кој излезе на самото место и го презеде увидот.
Според сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет европскиот извештај.
Сообраќајната полиција вчера откри поголем број прекршоци. Од нив по спроведената техничка контрола на возилата санкционирани се девет неисправни возила и 18 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Преземени се и 16 мерки према шестмина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола и 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото. Меѓу останатото, откриени се и санкционирани четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 11 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив шестмина возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и према седуммина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се вкупно 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
В недела, 19 јануари, по повод верскиот празник Богојавление – Водици традиционално на повеќе места во Градот Скопје ќе се фрла светиот крст во водите на реката Вардар. Главната манифестација ќе се одржи на мостот на реката Вардар кај „Холидеј ин“ каде што сообраќајот по ул. „Филип Втори Македонски“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Исто така и на Железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром сообраќајот по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


