| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесетка за Антиќ во Лондон, Бруклин ја прегази Атланта со 127-110

Перо Антиќ постигна 11 поени за 23 минути игра во „О2“ арената во Лондон, а неговиот тим Атланта хоукс доживеа висок пораз од 110-127 против Бруклин нетс.

Македонскиот репрезентативец одигра солидно, но „јастребите“ немаа рецепт за разиграниот состав на Бруклин, особено за Џо Џонсон и Ендрју Блеч кои заедно постигнаа 49 поени.

Овој меч се одигра во Европа, како дел од стратегијата на НБА, за поголемо влијание на најсилната кошаркарска лига на светот на стариот континент.

Во тако стил, со цел да се направи спектакл, се одигра и натпреварот меѓу Хоукс и Нетс, па имаше многу атрактивни кошеви, акции и потези.

asrenal

Антиќ се вклопи во амбиентот и неколкупати одигра атрактивно. Тој имаше 5 обиди од поле, 4 пати погоди, а само еднаш од два удари за тројка не беше прецизен. Перо забележа и 5 скока, со една асистенција, сосема солиден учинок за дебитант во НБА.

houks

Најефикасни кај Атланта беа Мајк Скот и Шелвин Мек со по 17 поени.

На мечот во „О2“ арената присуствуваа дузина познати спортисти, меѓу кои неколкумина фудбалери на Арсенал и Челси.

arsenal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top