| четврток, 6 декември 2018 |

Со ИПА проект ќе се набави пречистителна станица во Дојран

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, денеска престојуваше во Грција, во работна посета на општина Кукуш, објави „Порта 3“.  Целта на оваа средба беше потпишувањето на партнерскиот договор меѓу двете општини за реализација на ИПА проектот „Заштита на животната средина на Дојранското Езеро и општина Кукуш“.

Проектот опфаќа реконструкција на постојната пречистителна станица во Нов Дојран и воведување најсовремена технологија на пречистителната станица во Кукуш, за што се одобрени 501.799 евра од кои 309.734 евра ќе добие општина Дојран.

Според наши проценки, до почетокот на летната туристичка сезона Дојран ќе ја добие пречистителната станица со што ќе ги примени најновите стандарди за заштита на животната средина пропишани од Европската унија, изјави градоначалникот Стамов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top