Австриската фирма „Австрија казино“ од оваа година ќе почне да ги организира домашните интернет игри на среќа. Заедно со Државната лотарија ќе ја формираат новата компанија „Државна видео лотарија”. „Австрија казино“ ќе вложи околу 6 милиони евра за набавка на техниката, опремата и за вработените.
Во новата компанија државата ќе има удел од 51 процент, додека Австријците ќе го имаат останатиот, 49 проценти, удел. Опремата ќе пристигне во следните два месеци а ќе се организира интернет спортско обложување и други онлајн игри. Компанијата имала вакви експозитури низ четириесетина земји.
– АЕК и МИАО ќе ги блокираат сите странски веб-сајтови на кои сега домашни играчи се обложуваат со цел да се спречи одлив на македонски пари во странство. Според проценките, годишно се одливале околу 10 милиони евра по овој основ. Тоа ќе биде начин да се заштити одлив на домашен капитал на странските пазари – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Во интернет кафе во тетовско нелегално се приредувале игри на среќа