| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена криминална група која организирала сексуално малтретирање на деца

Службите на Британија, САД и Австрија успеаа да ја растурат организираната криминална група која во живо емитуваше сексуална злоупотреба на дете со потекло од Филипини. Британската Национална агенција за борба против криминал објави дека заедничката истрага на властите од трите земји завршила со разбивање на оваа група, акција која се одвивала на териториите на 12 држави при што биле уапсени 29 лица кои плаќале да го гледаат сексуално малтретирање, пренесуваат странските медиуми.

Според медиумите во соопштението било наведено дека криминалната група организирала сексуална злоупотреба на деца што се пренесувала во живо пред веб камера. Во некои од случаите утврдено е дека и членови на семејствата на децата биле вмешани и го договарале ваквиот криминал за одредена сума пари. Истрагата почнала при рутинска контрола на регистриран сексуален престапник ви Британија во 2012 година и при тоа биле спасени од злоупотреба 15 деца на возраст од шест до 15 години

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top