| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан Бразилец возел осум километри со мртов велосипедист на ветробранот

Пијан Бразилец возел осум километри со мртов велосипедист на искршеното ветробранско стакло, кого претходно го удрил со автомобилот. Возачите кои возеле на патот, како што пишува „Дејли мејл“, мислелеле дека жртвата всушност е кукла, но кога заклучиле дека во прашање е човек, веднаш ја повикале полицијата .  Жртвата на сообраќајката, Марко Аурелио Дловски (31), се враќал од работа кога на него во свиокот налетал автомобилот што го возел Жозе Адил Симиони. Тој подоцна бил приведен. Еден од полицајците рече дека Симиони не бил во состојба ниту да оди.
-Моравме брзо да го пикнеме во патролното возило, за да не го нападнат собраните луѓе, додаде полицаецот.

Се очекува возачот да биде обвинет за возење во пијана состојба и за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top