Сите три фотографии учествуваа на kонкурс за избор на најдобра фотографијa со мотиви од Скопје, што минатата година го распиша Секторот за локален економски развој на Град Скопје.
Првата награда во износ од 50.000 денари, стручната комисија реши да му ја додели на Зоран Ефремов за фотографијата „Скопје рано“.

Втората награда, која изнесува 40.000 денари, отиде во рацете на Дарко Цветановски, за фотографијата „Сообраќај“.

Третата награда, во износ од 30.000 денари, а ја доби Влахо Бранѓолица за фотографијата насловена како „Порта ноќе”.

Комисијата, во согласност со рокот назначен во Конкурсот, констатираше дека беа пристигнати 53 шифрирани пликоа со фотографии. Во рамки на конкурсот можеа да учествуваат сите професионалци, аматери и деца, да поднесат свои фотографии, не постари од 5 години, во согласност со утврдените критериуми пропишани во конкурсот, а изборот на најдобрите три фотографии го изврши специјална комисија, формирана од Град Скопје.
Град Скопје неодамна објави нов конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви на Скопје, на којшто може да учествуваат сите професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето. Апликантите можат да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции, снимени во која било општина во Скопје, снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.
Паричните награди и годинава ќе бидат со ист износ како и минатата, a конкурсот ќе трае до 30.04.2014 година, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора
-
Наградата „Златен витез“ доделена на академик Влада Урошевиќ во Русија


