По успешните проекции на Филмските фестивали Манаки и Синедејс во септември и ноември минатата година, филмот на Марија Џиџева „Барајќи ја среќата” ќе биде прикажан и на програмата на Кинотеката на Македонија на 21 и 22 jануари, со почеток во 20 часот.
Продуценти на филмот се: Владимир Стојчевски, Горан Стојилковиќ, директор на фотографија- Горан Наумовски, монтажер Блаже Дулев.
„Барајќи ја среќата“ е документарен филм составен од 3 приказни (Вера, Надеж и Љубов) каде што судбините на главните карактери се преплетуваат со нивната потрага по среќа. Осуммина неженети мажи полни со надеж започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Колку е силна нивната верба дека спасот лежи во женидбата и што сè би направила жена за љубов?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.