Сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите 24 часа изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последица материјална штета и три се со последици телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.
Се случиле и три незгоди со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 8 часот и 10 минути на ул. „30“ во с. Радишани пред куќен број 2. Во незгодата учествувале две патнички моторни возила „голф“ и „застава 126П“ и двете со скопски регистарски таблички управувани од граѓани на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „застава 126П“ и истиот со возило на Брза помош е пренесен
во Ургентен центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Втората незгода се случила во 12 часот и 45 минути на ул. „Босна и Херцеговина“, пред „ЕВН Македонија“, во која учествувале две патнички моторни возила „фолксваген поло“ и „фијат пунто“ и двете возила се со скопски регистарски таблички управувани од граѓани на Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „фијат пунто“, а со полесни повреди се здобил сопатникот во истото возило. Третата незгода се случила во 19 часот на крстосницата од ул. „Февруарски поход“ и ул. „Тодор Чангов“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „пежо“ и велосипед управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил
велосипедистот.
Сообраќајната полиција вчера спроведе општа контрола на возилата и возачите. Во оваа насока санкционирани се девет неисправни возила и 10 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Што се однесува до возачите, преземени се 33 мерки од кои деветмина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола, 11 возачи не го користеле безбедносниот појас, 13 возачи кои го користеле мобилниот телефон
за време на управување на возилото. Преземени се и мерки против деветмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.