| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот претседател Плевнелиев утре во посета на Албанија

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Албанија, на покана на неговиот албански колега Бујар Нишани, јави дописникот на МИА.

Посетата е по повод стогодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Освен со домаќинот, Нишани, во рамките на посетата шефот на бугарската држава ќе има средби и со премиерот Еди Рама, со првиот парламентарец Илир Мета, како и со лидерот на опозициската демократска партија и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.

На средбите ќе се разговара за зајакнувањето на политичкиот дијалог и трговијата меѓу Бугарија и Албанија, интегративниот европски процес на Албанија, како и повеќе значајни билатерални прашања во рамките на соработката во југоисточна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top