Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Албанија, на покана на неговиот албански колега Бујар Нишани, јави дописникот на МИА.
Посетата е по повод стогодишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
Освен со домаќинот, Нишани, во рамките на посетата шефот на бугарската држава ќе има средби и со премиерот Еди Рама, со првиот парламентарец Илир Мета, како и со лидерот на опозициската демократска партија и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.
На средбите ќе се разговара за зајакнувањето на политичкиот дијалог и трговијата меѓу Бугарија и Албанија, интегративниот европски процес на Албанија, како и повеќе значајни билатерални прашања во рамките на соработката во југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


