| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогиран синот на Халка Палдум прегазил три жени

Дваесетиосум годишниот Нисан Мирзад Бркиќ, син на фолк пејачката Ханка Палдум во вторникот вечерта повреди три жени  во сараевската населба Грбавица. Тој со својот автомобил „нисан“ ги прегазил пешаците и потоа се удрил во бандера.

422986_20090422bliczenaprivatne-slikebeograddi002046926_f

Сараевската полиција потврди дека крвната анализа на возачот покажала присуство на наркотици, поточно психоактивна супстанца амфетамин.

Бркиќ по наредба на обвинителот е уапсен  за кривично дело против безбедноста во сообраќајот.

1droga500

Во оваа несреќа се повредени три жени А.Ж. (1960), И.К.(1962) и М.Џ. (1955) кои по сообраќајакта се преефрлени во Клиничкиот центар во Сараево.

Две од нив се задржани на лекување во болница, а третата е пуштена на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top