Фотографот Ален Хенсон ќе мора да им исплати на Емпајер стејт билдинг сума од 1,1 милиони долари доколку ја загуби тужбата која тие ја покренаа поради тоа што фотографирал модели во топлес.
Според тужбата, Хенсон не побарал дозвола ниту ги известил задолжените за Емпајер стејт билдинг дека планира да сними фотографии на девојки во топлес во таа зграда.
Претставниците на службата задолжени за зградата велат дека оваа постапка е непримерна и невкусна, затоа што панорамскиот дел на Емпајер стејт билдинг претставува туристичка атракција која ја посетуваат семејства.
Хенсон одговорил дека погледот од покривот на зградата е толку величенствен, што мислел дека посетителите нема ни да забележат девојки во топлес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


