Американскиот рок бенд Ред Хот Чили Пеперс ќе настапи оваа година на полувремето на Супер Боул, објави Би-Би-Си.
Веќе претходно е објавено дека на полувремето на најголемото спортско случување во Америка ќе свири Бруно Марс чиј албум е номиниран за Греми за најдобар поп албум на годината.
Супер Боул, финалето на националната лига во американски фудбал ќе се одржи на 2 февруари на стадионот во Њу Џерси. Учесници ќе бидат победниците на полуфиналниот натпревар меѓу Њу Ингланд патриотс и Денвер Бронкс, и Сан Франциско 49 и Сиетл Сихоукс.
Ред Хот Чили Пеперс во кариерата имаат продадено 60 милиони албуми и имаат освоено шест Греми.
Минатата година Супер боул го гледале 110 милиони гледачи, а главна ѕвезда на музичкиот спектакл на полувремето беше Бијонсе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.