| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо и Ирина Шајк тајно се венчале?

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо додека ја примаше наградата за најдобар фудбалер на годината во Цирих, ја искористи приликата да и се заблагодари на неговата „сопруга“ Ирина Шајк со која е во врска од 2010 година.

– Првенствено сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, без нивната подршка ништо не би било возможно. Многу сум среќен бидејќи беше тешко да се дојде до оваа титула. Ќе ја искористам приликата да и се заблагодарам на мојата жена, пријателите, синот. Ова е неверојатно емотивен момент.

Кристијано излезе со неговиот тригодишен син да ја прими наградата, а од тронот конечно успеа да го симне Лионел Меси, кој две години по ред беше најдобар фудбалер на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top