| четврток, 6 декември 2018 |

Тетинот на Ким Јонг Ун егзекутиран поради огрешување од моралните норми

Тетинот на лидерот Ким Јонг Ун, Јанг Сонг Таек е егзекутиран затоа што се огрешил на моралните норми на кои инсистира актуелниот севернокорејски лидер, тврди поранешниот главен готвач на семејството Ким.

Во изјава за една јапонска телевизиска станица, Кенџи Фуџимото кој важи за експерт за правење суши, тврди дека Сонг Таек имал една тајна функција, што му била доделена уште од времето кога на власт беше Ким Јонг Ил,татко на сегашниот лидер.

Задачата на Сонг Таек била да обезедува млади жени за сега покојниот лидер Јонг Ил за пеење, танцување и за „ноќни задоволства“ иако некои од нив имале и по 15 години.

Тетинот на младиот лидер кој беше и негов човек од доверба, како воспитувач и заштитник, освен што бил задолжен да ги пронаоѓа млади жени, почнал на своја рака, самиот да проверува колку девојките се „талентирани“ на тој начин што некои од нив морале да поминат ноќ со него.

Готвачот Фуџимото тврди дека Ким Јонг Ун не го одобрувал таквото однесување на татко му, особено што знаел дека и неговиот дедо, Ким ил Сунг имал слабост кон жените. Кога сегашниот лидер разбрал што прави неговиот тетин, веднаш наредил да се уапси и да се ликвидира.

Според некогашниот готвач кој уште во 2001 си заминал од Пјонгјанг, Јонг Ун со суровото казнување на сопругот на својата тетка и сестра на татко му, сакал да покаже дека тој е различен од своите претходници и дека сака да се прекине со досегашната практика.

Западни експери за состојбите во Северна Кореја, сепак, не веруваат во верзијата што ја раскажува Фуџимото чија сопруга и ќерка и сега живеат во Пјонгјанг, а тој многу често се јавува како толкувач на севернокрејските прилики, секогаш прикажувајќи ја својата блискост со Ким Јонг Ун.

Никој досега не открил дека „силниот човек“ Сонг Таек има и друга функција, а освен тоа експертите не веруваат во големата „моралност“ на актуелниот лидер, особено што тој за пријател го има поранешниот кошаркар Денис Родман, со кого при секоја средба, долго пијат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top