Еримира Мехмети, пратеничката на ДУИ реагира на информацијата на весникот Вест, во врска со партиските принципи за консензус при изборот на претседателот на државата. Таа, како пренесува Алмакос, тврди дека „Уредниците во Вест интервенирале во нејзината изјава со што се менува значењето на партискиот став во врска со претседателските избори“.
ДУИ останува на ставот за избор на консензуален кандидат за Претседател на Република Македонија врз принципите изнесени од лидерот Ахмети и раководството на партијата- ја цитира Алмакос Мехмети.
Весникот Вест ја пренесе Мехмети дека доколку ВМРО-ДПМНЕ повторно го кандидира Претседателот Иванов, тогаш за ДУИ сите можности се отворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името


