Во една од многуте студии, искусните сексолози со точност од 81 проценти процениле која жена доживеала оргазам според начинот на кој таа чекори.
Но, тоа не е единствениот знак кој открива дека само што имавте квалитетен секс, и оргазам како резултат на него.
„Жив“ крвоток
Постои оправдана причина зошто некој по сексот е поцрвен во лицето, со сјај во очите и изглед поблескав од обично – поради зголемениот проток на крв. Покрај тоа, жената која штотуку имала секс и оргазам зрачи на посебен начин , и тоа не може да му избега на професионалното око.
Оној посебен израз на лицето
Го знаете оној посебен израз на задоволство и среќа? Токму таков е изразот на лицето на една жена која штотуку имала добар секс. Има тајна во тоа што остатокот ќе му помине со чувство на исполнетост. Едноставно, никој не е толку среќен колку некој кој само што имал секс со среќен завршеток.
Материјални докази
Постои можност после сексот на вас да останат траги, особено ако не користите кондом. Тоа не е добар начин некој да дознае дека само што имале секс. Можеби ова звучи лудо, но сѐ е можно ако не внимавате.
Ништо нема да ми го уништи овој ден
Неверојатното лекомислено и лепршаво расположение, исто така, е знак кој ја издава личноста дека штотуку имала секс и среќен крај. Сексот во телото ослободува ендорфин , што уште повеќе влијае врз вашето расположение. Ова се оние моменти кога сте толку добро расположени што се чини дека ништо не може да ви го расипе денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


