| четврток, 6 декември 2018 |

Знакови по кои се познава дека само што имавте квалитетен секс

Начинот на кој чекорите по улица или низ канцеларијата може да ве издаде дека само што сте имале навистина добар секс. Научниците докажаа дека вагиналниот оргазам предизвикува забележлива промена во начинот на кој жените одат. Но, тоа не е сѐ!

Во една од многуте студии, искусните сексолози со точност од 81 проценти процениле која жена доживеала оргазам според начинот на кој таа чекори.

Но, тоа не е единствениот знак кој открива дека само што имавте квалитетен секс, и оргазам како резултат на него.

„Жив“ крвоток

Постои оправдана причина зошто некој по сексот е поцрвен во лицето, со сјај во очите и изглед поблескав од обично – поради зголемениот проток на крв. Покрај тоа, жената која штотуку имала секс и оргазам зрачи на посебен начин , и тоа не може да му избега на професионалното око.

Оној посебен израз на лицето

Го знаете оној посебен израз на задоволство и среќа? Токму таков е изразот на лицето на една жена која штотуку имала добар секс. Има тајна во тоа што остатокот ќе му помине со чувство на исполнетост. Едноставно, никој не е толку среќен колку некој кој само што имал секс со среќен завршеток.

Материјални докази

Постои можност после сексот на вас да останат траги, особено ако не користите кондом. Тоа не е добар начин некој да дознае дека само што имале секс. Можеби ова звучи лудо, но сѐ е можно ако не внимавате.

Ништо нема да ми го уништи овој ден

Неверојатното лекомислено и лепршаво расположение, исто така, е знак кој ја издава личноста дека штотуку имала секс и среќен крај. Сексот во телото ослободува ендорфин , што уште повеќе влијае врз вашето расположение. Ова се оние моменти кога сте толку добро расположени што се чини дека ништо не може да ви го расипе денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top