| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Изгоре „БМВ“ во Битола

Во Битола на улицата „Ружа Делчева“ бр. 13 утрово било опожарено патничко моторно возило марка „БМВ“. Автомобилот бил во сопственост на битолчанецот Г.М., кој  го чувал возилото на паркингот пред својата зграда, јави ТВ „Тера“ од Битола.

– Пожарот бил пријавен утрово околу 4.50 часот и брзо се интервенирало на терен со екипа и специјализирано противпожарно возило кое го изгасна пожарот – истакна Костадин Поповски, раководител на територијалната противпожарна единица.

СВР Битола поведе истрага за овој случај, кој беше регистриран утрово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top