Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 16.50 часот, на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ во атарот на село Варвара.
Според СВР– Скопје, во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и товарно моторно возило ТАМ, со скопски регистарски таблички управувано од скопјанец.
Како последица од незгодата, возачот на патничко возило „голф“ им подлегнал на повредите во ГОБ „8 Септември“, а неговиот сопатник се здобил со тешки телесни повреди.
Со полесни телесни повреди се здобиле пет лица, еден возач на товарно моторно возило и четворица сопатници.
За незгодата е известен и јавниот обвинител кој не излегол на местото на настанот, а увидот ѝ го препуштил на увидната екипа на СВР– Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.